Охрид ТОП ВЕСТИ

УХМР: Во Охрид денес променливо облачно време со повремени врнежи од дожд и температура до 22. степени

Охрид, 29. септември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Во Охрид денес променливо облачно време со повремени врнежи од дожд и локална појава на грмежи. Ќе дува умерен ветер од северен правец.

Максималната температура ќе се искачи до 22. степени.

– Во понеделник ќе продолжи да дува засилен, а долж Повардарието и во источните делови силен северен ветер со брзина над 70 km/h. Потоа во следните два дена времето ќе биде сончево со ниски утрински температури, а дневните ќе бидат во постепен пораст. Од четврток се очекуваат нови врнежи од дожд, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи на Република Македонија (УХМР). (Крај)

извор: УХМР фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука