Скопје/Охрид, 23. септември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Ивица Томовски, директор на служба за општи и заеднички работи во емисијата „Дејли Клик“на ТВ21 зборуваше дека државниот имот е во многу лоша состојба.
Тој рече дека вилите на претседателот во Охрид и во Скопје немаат имотни листови, односно се дивоградби.
– Државниот имот е многу лоша состојба. Вилата во Свети Стефан во Охрид е во многу лоша состојба, или вилата во Лазарополе. Немаше никаков пристап до овие објекти и планот наш како ново раководство да ги ставиме во употреба сите објекти кои се во државна состојба. Но, пред тоа да го решиме имотно правниот статус. Замислете, премиерските и претседателските вили во Охрид и во Скопје се дивоградби и немаат имотен лист, рече Томовски. (Крај)
извор: ТВ21 фото: архива