Забава Избор

Kosheen на 18-ти октомври во Скопје како дел од „Таксират“ фестивалот

Охрид, 30. сепември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Музичката атракција од Бристол, славниот британски бенд Kosheen на 18-ти октомври пристигнува во Скопје да прослави 25 години постоење со самостоен концерт во склоп на офф-програмата на „Таксират“ фестивал.

Важат за бенд чии настапи во живо се секогаш иновативни и изведени до совршенство, а во Скопје ќе ги слушнеме со најдоброто од нив,меѓу кои секако ќе се некои од најдобрите нумери во нивната кариера: „Hide U“, „Catch“, „Hungry“, „All In My Head“ и бројни други со кои се вивнаа на врвот на светските топ листи.

Kosheen дефинитивно уживаат статус на еден од најкултните бендови на своето време. Тие се Британска група од Bristol, составена од пејачката и композитор Sian Evans, продуцентот Ron Mcelroy и тапанарот Mitchell Glover. Името го добиле по Cochise, големиот Апачи индијански воин од Северна Америка. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука