News from Ohrid, Vesti od Ohrid, Ohrid news. Вести од Охрид, Новости Охрид, Информации од Охрид 24 часа - Брзо, точно, проверено...
септември 26, 2024

Охрид, 25. септември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Народен театар Охрид со претствата „Секс лаги и љубомора“ вечерва настапува на театарскиот фестивал „Денови на комедија 2024“ во Куманово.

Хит претставата за која на матичната сцена се бара влезница повеќе е по текст на Марк Камолети, во режија на Коле Ангеловски.
Улогите ги толкуваат актерите: Никола Тодороски, Стрезо Стаматовски, Билјана Билаловиќ- Вељаноска, Адријана Билаловиќ-Тодороска, Елизабета Стефановска и Марија Новак. Претставата започнува во 20:00 часот.

На 27. издание на Меѓународниот театарски фестивал ќе бидат прикажани вкупно 11 претстави од 6 театри од Македонија и по една од Бугарија и Србија. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука