Охрид, 25. септември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Со синглот „The Emptiness Machine“, Linkin Park најавија големо враќање, вклучувајќи и нов албум насловен „From Zero“ и придружна турнеја, со што бендот стави крај на гласините и ја претстави новата пејачка Emily Armstrong.
Emily, пејачката на групата Dead Sara, ќе има тешка задача да го замени покојниот вокал Chester Bennington, а на вокалите ќе биде и Mike Shinoda додека во бендот се и Joe Hahn, Brad Delson на гитара и Phoenix на бас. Тука е и новиот тапанар Colin Brittain.
Turneјата „From Zero“ започнува на 11-ти септември следната година во Лос Анџелес, продолжува во Њујорк, а потоа ќе се упати во Европа, и тоа во Хамбург и Лондон. Новиот албум „From Zero“ ќе излезе на 15-ти ноември и ќе содржи 11 песни.
Апсолутно најдобриот музички избор го имате секојдневно, 24 часа на Број 1 медиумот во регионот, охридското Супер радио. Уживајте во музичкиот избор на еден од нашите дигитални канали – Happy radio: Cafe, Greatest Hits, Top 40 Hits, Македонски хитови, Ex Yu, Dance, Hip Hop, Balkan Mix, Lounge, Мак Класик, Love Songs и Smooth Jazz. Ако музиката е одговорот, прашањето е: Што ќе слушаме денес? Се’ што сакам да слушам на едно место – Клик PLAY и УЖИВАЈ! (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива