Охрид, 25. септември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Нискиот водостој на Охридското Езеро периодов наназад ги откри оштетувањата на пристаништето во Охрид.
На потегот кај самата линија на езерото видливо е дека дел од камењата се изместени и доколку не се санираат, оштетувањата само ќе се зголемат.
Причина за оштетувањата се секако брановите, но и самата старост. Пристаништето е изградено минатиот век за време на кралството Југославија, во далечната 1938 година. (Крај)
извор: ОхридПрес фото/видео: ОхридПрес
Прочитано: 21