Охрид/Неготино, 26. септември 2024 (ОХРИДПРЕС) – На 25-ти септември 2024 година, околу 17:00 часот во ОВР Неготино било пријавено дека по завршување на фудбалскиот натпревар од втората фудбалска лига на Градскиот стадион во Неготино помеѓу екипите на Вардар Неготино и Охрид, голманот на гостинската екипа бил физички нападнат од страна на 45-годишно лице од Неготино.
– По документирање на настанот против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од МВР. (Крај)
извор: МВР фото: архива
Прочитано: 36