Охрид, 28. септември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Денеска во Охрид започнаа вторите синдикални спортски игри „Независна полицијада“, во организација на Независниот синдикат на полицијата.
Станува збор за дводневен спортски настан на кој над 400 полициски службеници и гости од странски делегации ќе се дружат и натпреваруваат во разни спортски дисциплини.
– Независниот синдикат е еден од репрезентативните синдикати на македонската полиција, член на Балканската полициска унија и Сојузот на синдикати „Петта сила“. Негувањето на спортскиот дух, запознавањето и дружбата преку доза на здрава и професионална компетитивност се исклучително важни вредности кога се работи за една професија како што е полициската, која во себе носи висок степен на општествена одговорност, порача на отворањето министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.
Тој на учесниците им посака добар успех и резултати на спортските игри со увереност дека овој настан во иднина ќе добива на масовност, квалитет и меѓународна афирмација. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива