Охрид, 29. септември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Во Охрид денес променливо облачно време со повремени врнежи од дожд и локална појава на грмежи. Ќе дува умерен ветер од северен правец.
Максималната температура ќе се искачи до 22. степени.
– Во понеделник ќе продолжи да дува засилен, а долж Повардарието и во источните делови силен северен ветер со брзина над 70 km/h. Потоа во следните два дена времето ќе биде сончево со ниски утрински температури, а дневните ќе бидат во постепен пораст. Од четврток се очекуваат нови врнежи од дожд, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи на Република Македонија (УХМР). (Крај)
извор: УХМР фото: ОхридПрес
Прочитано: 22