Скопје, 09. февруари 2015 (ОХРИДПРЕС) – Во Македонската Опера и Балет во петок, 13 февруари ќе се одржи концерт на Дуке Бојаџиев, насловен „Сон, верба, љубов“.
Организатор на концертот е Македонската Филхармонија.
Диригент е маестро Борјан Цанев.
Ќе настапат: Дуке Бојаџиев-пијано, Исмаил Лумановски- кларинет, Крсте Роџевски -вокал и Матијас Кунцли-перкусии.
Ќе биде изведена филмска музика, компонирана од Бојаџиев, како и дела од неговиот последен албум. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 59