Скопје/Охрид, 29. септември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Христијан Андревски е избран за нов претседател на Националната Боксерска Федерација на Република Македонија, а Владимир Цекиќ од Боксерскиот клуб „Алексо Огненоски“ од Охрид е дел од надзорниот одбор.
Во Спортската сала „Борис Трајковски“ во Скопје, синоќа се одржа вондредно собрание за избор на нов претседател на Боксерската федерација на Република Македонија.
Андревски е поранешен претседател на Боксерскиот клуб „Куманово 84“ и на чело на Федерацијата доаѓа на местото на Фатон Салиху. Неговиот мандат ќе трае до 2028 година. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 17