Охрид, 29. септември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Со врвен музички избор на Владо Броз, Марама и Емилија, но и со вкусна храна подготвена од шеф Филип Чаловски, продолжија „Мерак моментите“ во охридското „Форт Кафе“, денеска со „Форт Фест“.
Настанот подготвен со многу мерак и љубов се одржа во пресрет на празникот Вера, Надеж, Љубов и мајка им Софија.
Владо Броз, Марама и Емилија не потсетија на најголемите хитови од фестивалите Макфест и Валандово, но и сите песни кои не враќаат во едни убави времиња. За впечатокот да биде комплетен, гостите уживаа и во врвна храна – five course meal подготвен од специјалниот гостин-шеф, готвачот Филип Чаловски.
– Затоа што во Охрид секогаш се слушала најубавата музика и се јадела најдобрата храна. Го затвораме септември во име на Верата, Надежта и Љубовта со незаборавни мерак моменти. До следните „Мерак моменти“, зш меракот е најважен, порачуваат од „Форт Кафе“. (Крај)
извор: ОхридПрес фото/видео: Be1 Digital Marketing