Охрид, 30. септември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Девојката со моќен и неповторлив глас, македонскиот славеј Зарина Првасевда, на 26-ти октомври ќе настапи на Womex, најголемата музичка конференција на глобалната музичка сцена во Манчестер, Англија.
– Драги пријатели, многу сум среќна и возбудена да споделам со вас многу голема вест за мене. Една од моите најголеми желби се остварува на 26-ти октомври – свириме на најголемата музичка конференција на глобалната музичка сцена Womex во Манчестер, Англија. Бескрајно среќна и возбудена, порача Зарина. Таа е врвен музичар, вљубеник во планините, девојка која совршено знае македонската традиционална песна да ја изведе чисто интонативно, автентично, без никаква дополнителна обработка. Зарина доаѓа и ќе пишува музичка историја. Подгответе се, отворете го срцето и уживајте. (Крај) извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 36