Охрид, 30. септември 2024 (ОХРИДПРЕС) – По спроведена истражна постапка, Основното јавно обвинителство Охрид поднесе Обвинителен акт против две лица за кривично дело – Бесправно градење согласно член 244-а став 1 од Кривичниот законик.
– Осомничените на возраст од 49 и 48 години, како соизвршители, на 27-ми јули 2023 година започнале да градат објект на нивно земјиште, без одобрение за градба издадено од надлежен орган. На постоечкиот објект во центарот на Охрид изградиле доградби од северната страна, во сутеренот, приземјето и на катот, проширувајќи ги со армирани бетонски плочи и столбови, по што продолжиле да го надградуваат објектот со две армирано бетонски плочи со кои ја зголемиле неговата катност, информираат од Основното јавно обвинителство од Охрид.
Додаваат дека против првиот обвинет во овој предмет се води судска постапка за уште едно бесправно градење во центарот на Охрид. (Крај)
извор: ОЈО Охрид фото: ОхридПрес