Охрид, 30. септември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј Охрид потпиша Меморандум за соработка со Словачкиот Музеј од Ухерске Храдиште, Република Чешка.
– Ја препознавме важноста на меѓународната соработка во заштита и презентација на културното наследство, како и одговорноста за зачувување и промоција на културните вредности и верува дека меѓусебната соработка со Словачкиот Музеј во Ухерске Храдиште, ќе придонесе за развој на професионалните активности и размена на искуства и знаења помеѓу двете институции. Во рамките на овој Меморандум, двете страни изразуваат поддршка за подготовка и поднесување заеднички иницијативи. Целта на овој Меморандум е да се воспостави рамка за соработка со Словачкиот Музеј и Заводот во областа на заштитата на културното наследство, образованието и професионалните размени. Двете страни се обврзуваат да соработуваат при организирање проекти, изложби, едукативни активности и други иницијативи кои придонесуваат за зачувување и промоција на културното наследство. Заедничко учество во програмата Еразмус+, која вклучува мобилност на кадрите кои се фокусирани на стекнување нови вештини и размена на најдобри практики на полето на музеологијата на професионалните работни места со т.н. „job-shadowing“. Двете институции ќе поддржат програми за размена на стручен кадар, вклучително и практиканти фокусирани на стекнување експертиза во заштитата на културното наследство, музејската работа и менаџментот во заштитата на културното наследство, информираат од Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј Охрид.
Додаваат дека и двете институции ќе соработуваат во развојот на образовни програми насочени кон зачувување на културното наследство, особено за младите професионалци и пошироката јавност. Заеднички ќе организираат изложби и други културни настани кои го промовираат културното наследство на двете земји. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива