Охрид, 1. октомври 2024 (ОХРИДПРЕС) – Хит претставата „Секс, лаги и љубомора“ на Марк Камолети во режија на Коле Ангеловски овој петок повторно на репертоарот на Народен театар Охрид.
Улогите ги толкуваат актерите: Никола Тодороски, Стрезо Стаматовски, Билјана Билаловиќ- Вељаноска, Адријана Билаловиќ-Тодороска, Елизабета Стефановска-Јандреовска и Марија Новак.
Почетокот на претставата е во 20:00 часот. Цената на билетот е 300 денари. Билетарата работи секој работен ден од 10:00 до 17:00 часот. Резервации за претставата не се примаат. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 100