Охрид, 2. октомври 2024 (ОХРИДПРЕС) – Од Македонскиот народен театар најавуваат свечено затворање на летната сцена со вечерашниот настап на култниот рок бенд „Архангел“ – Македонски подобро звучи – Едиција 4.
– Како посебно изненадување, со особено задоволство го најавуваме свеченото затворањето на летната сцена „Славиша Кајевски“, во среда, на 2-ри октомври. Концертот на култниот македонски бенд ќе започне во 21:00 часот.
– Уживајте во звуците на урбаната македонска рок музика, порачуваат организаторите. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 107