News from Ohrid, Vesti od Ohrid, Ohrid news. Вести од Охрид, Новости Охрид, Информации од Охрид 24 часа - Брзо, точно, проверено...
октомври 1, 2024

Охрид, 1. октомври 2024 (ОХРИДПРЕС) – СВР Охрид поднесе кривична пријава против 54-годишно лице од селото Велмеј, раководител на Подрачно шумско стопанство „Галичица“, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“ и 46-годишно лице од селото Свиништа, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „пустошење шума“.

– Првопријавениот, во април 2024 му дал усна дозвола на второпријавениот да врши сеча на сурово огревно дабово дрво, со што била причинета материјална штета од 1.434.510 денари, информираат од МВР. (Крај)

извор: МВР фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука