News from Ohrid, Vesti od Ohrid, Ohrid news. Вести од Охрид, Новости Охрид, Информации од Охрид 24 часа - Брзо, точно, проверено...
октомври 1, 2024

Скопје, 1. октомври 2024 (ОХРИДПРЕС) – Околу 5.000 љубители на танцот од најразлични страни на светот ќе бидат дел од IDO World Hip-Hop Championship & Street Dance Show 2024, кој од 9-ти до 17-ти октомври ќе се одржи во Скопје.

Очите на хип-хоп светот ќе бидат вперени во Македонија, која за првпат е домаќин да едно вакво големо и интернационално шоу. Љубителите на на хип-хоп културата, во Спортскиот Центар „Борис Трајковски“ ќе имаат можност да ги следат натпреварите во дисциплините „хип хоп“ и „стрит денс шоу“ во повеќе возрасни категории.

Во организација на клубот „Брејк а Лег“, покрај натпреварувањата, најавен е и забавен блок со настапи, кој ќе се одржи на 11 октомври – на кој ќе учествуваат Dj Bono и Пајак, а за кој влезот ќе биде бесплатен.

Овој светски шампионат, кој ќе биде обоен во боите на спортот, културата и танцот, претставува одлична прилика за дружење со посетители од 35 држави и поддршка на сите нации, кои ќе се натпреваруваат.

Официјалното отворање на настанот ќе се одржува на 12 октомври, со свечена церемонија која вклучува и ревијален дел каде ќе се претстават сите држави со Парадата на нации, пред која ќе следат и многу други изненадувања. Влезот за официјалниот дел, кој започнува од 18:00 часот, ќе биде бесплатен, поради што организаторите упатуваат апел до сите граѓани да дојдат и да покажат како изгледа македонското гостопримство. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука