Охрид,1. октомври 2024 (ОХРИДПРЕС) – Деновиве повторно е ставен во функција паркингот на кеј „Македонија“, со што е на сила сообраќајниот режим со кој е дозволен моторен сообраќај и паркирање на улица „Кеј Македонија“.
Пред хотелот „Палас“ е вратен пунктот за наплата и рампата. Станува збор за потегот од пресекот со улица „Македонски Просветители“ (кружна крстосница плоштад) до пресекот на „Кеј Македонија“ со „Ванчо Николески“, потег на кој е дозволен сообраќај, како и паркирање.
Со поставувањето на рампата е затворен системот за наплата од маркет „Тинекс“, кружна крстосница и „Палас“. Сообраќајот ќе се одвива во една насока, од кружната крстосница кон хотелот „Палас“.
Ваков сообраќаен режим имаше и претходно, а пред почетокот на летната сезона беше воведена забрана за секаков вид на моторен сообраќај на овој дел од улица „Кеј Македонија“ по што истиот беше наменет за движење на пешаци. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес