Охрид, 2. октомври 2024 (ОХРИДПРЕС) – Со двете нови песни „Country Mile“ и „Picture of You (X+W)“, култните U2 ја одбележуваат 20-годишнината од објавувањето на албумот „How to Dismantle an Atomic Bomb“.
Двете песни се дел од албумот со 10 демо снимки, насловен „How to Re-Assemble an Atomic Bomb“. Синглот е двојна А-страна со двете песни, а за разлика од комерцијалниот сингл, промотивниот „Picture of You (X+W)“ беше издаден на денот на објавата на албумот.
Албумот ќе биде составен од материјали кои се претходно необјавени и дел од студиската архива при снимањето на оригиналниот албум. Заедно со новиот проект, „How to Dismantle an Atomic Bomb“ за прв пат е ремастеризиран во чест на јубилејот, а додадена е и бонус песната „Fast Cars“.
Изданието „Re-Assemble“, на „How to Dismantle an Atomic Bomb“ и „How to Re-Assemble an Atomic Bomb“ ќе биде достапно како двојно дигитално издание веќе од 22-ри ноември. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива