News from Ohrid, Vesti od Ohrid, Ohrid news. Вести од Охрид, Новости Охрид, Информации од Охрид 24 часа - Брзо, точно, проверено...
октомври 3, 2024

Црвена Вода, 3. октомври 2024 (ОХРИДПРЕС) – Денеска се навршуваат 81 годинa од издавањето на Манифестот на АСНОМ на ГШ на НОВ и ПОМ.

Манифестот на АСНОМ по своето историско значење е еднаков на Крушевскиот манифест, бидејќи сите подоцнежни асномски одлуки се инспирирани од него, со што слободно може да се констира дека извориштето на современата македонска држава е во Дебрца, местото каде се испишани најсветлите страници од македонската историја.

Во Црвена Вода и на Славеј Планина пред 81 годинa беше формирана првата регуларна воена единица, баталјонот „Мирче Ацев“. Во селото Сливово беше формирана Првата Македонска-Косовска ударна бригада, со што Дебрца стана првата слободна територија во НОБ, а во селото Издеглавје, во 1944 година беше возобновена Македонската Православна Црква, во ликот на Охридската Архиепископија. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука