Здравје: Јајцата можат да се подготват на многу начини, еден е најдобар за холестеролот
октомври 5, 2024

Охрид, 5. октомври 2024 (ОХРИДПРЕС) – Јајцата се одличен извор на протеини и многу луѓе сакаат да ги јадат. Можат да се подготват на многу различни начини и да се јадат во многу комбинации, но сепак, некои се подобри од другите.

Според порталот Health Digest, еден начин на подготовка на јајца е подобар од другите, барем кога станува збор за одржување или намалување на нивото на холестерол. Од сите можни начини за подготовка на јајца, пошаните јајца се оние кои најповолно делуваат на холестеролот.

Зошто ова е најдобриот начин за подготовка на јајца?

Главната предност на овој начин на подготовка на јајца е тоа што не се користат дополнителни масти како масло или путер, кои вообичаено се користат при пржењето. Овој начин на подготовка не додава масти или калории, а ги задржува хранливите материи во јајцата, со што оброкот и лесен и хранлив.

Покрај тоа, овој тип на подготовка има уште една предност што треба да ја земете во предвид. Јајцата се готват на пониска температура и не се директно изложени на топлина, што помага да се намали оксидацијата на холестеролот. Намалувањето на оксидацијата на холестеролот е важно бидејќи оксидираниот холестерол предизвикува стеснување на артериите со текот на времето, што го отежнува протокот на крвта. (Крај)

извор: index.hr фото: index.hr

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука