News from Ohrid, Vesti od Ohrid, Ohrid news. Вести од Охрид, Новости Охрид, Информации од Охрид 24 часа - Брзо, точно, проверено...
октомври 3, 2024

Прилеп, 3. октомври 2024 (ОХРИДПРЕС) – Три лица загинаа, а едно е повредено во тешката сообраќајна несреќа што се случи утрово, нешто пред 08:00 часот на патниот правец Прилеп-Битола, на излезот од градот, во близина на селото Лагово.

Според првичните информации, се случил директен судар меѓу патничко возило марка „Тојота“ со прилепски регистарски таблички, кое се движело во правец кон Битола и камион кој се движел во обратен правец, кон Прилеп.

Според првичните информации од началникот на Итната медицинска помош од Прилеп, Боше Милошески, повикот до екипата го примила околу 07:45 часот и на лице место била констатирана смрт на три лица од Прилеп, додека со повреди се здобил возачот на камионот. (Крај)

извор: Охрид1 фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука