октомври 3, 2024

Скопје/Охрид, 3. октомври 2024 (ОХРИДПРЕС) – Најмалку десет нови дестинции преку двата аеродрома, во Скопје и во Охрид, најави денеска заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски.

Тој истакна дека од понеделник ќе објави најмалку десет нови дестинции преку двата аеродрома, што ќе значи 200.000 повеќе патници следната година.

– Ќе има и нови компаниии нови дестинации, рече Николоски.

Тој најави и реконструкција на терминалната зграда на Охридскиот аеродром. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука