Охрид, 3. октомври 2024 (ОХРИДПРЕС) – Мухамед Максуд утрово беше успешно опериран и во него е имплантиран бубрегот на неговата мајка.
Операцијата е извршена во болница во Турција, а донатор на неопходниот орган е неговата мајка, врз која исто така утрово беше извршена операција на вадење на едниот бубрег.
За лекување на Мухамед беше спроведена медиумска кампања за собирање на неопходните средства. Тој го покажа своето големо срце и вишокот од собраните средства ги донираше за лекување на друго дете, за кое исто така се собираа средства. (Крај)
извор: Оhrid 1 фото: архива
Прочитано: 188