Охрид, 4. октомври 2024 (ОХРИДПРЕС) – Силниот јужен ветер и брановите деновиве најверојатно го скинаа поврзувањето со сидрото и еден глисер утрово можеше да се види на кеј „Македонија“, како удира во бетонскиот дел од патеката.
Очигледно скапото пловило утрово, од ударите во кејот, на потегот пред хотел „Ројал“, веќе имаше претрпено поголеми и видливи оштетувања. До овој момент нема потврдени информации за причините кои довеле до инцидентот.
Доколку некој има сознанија за сопственикот, најдобро е веднаш да го информира за да се избегнат натамошни оштетувања на пловилото.
Според метеоролозите, и денеска во Охрид ќе имаме променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, наместа пообилни, локално во форма на невреме, проследени со грмежи и засилен ветер. Врнежите ќе продолжат и преку ноќта кога и понатаму ќе биде ветровито. Ќе дува умерен ветер од јужен правец. (Крај)
извор: ОхридПрес фото/видео: ОхридПрес