октомври 4, 2024

Скопје, 4. октомври 2024 (ОХРИДПРЕС) – Во Република Македонија најчеста причина за смрт од малигни неоплазми кај жените во периодот од 2010 до 2023 година е ракот на дојка, се наведува во извештајот на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) по повод одбележувањето на Октомври – Меѓународниот месец на борбата против ракот на дојка.

– Од рак на дојка во 2010 година починале 310 жени со стапката на морталитет од 30,0/100000 жени, во 2021 година 337 жени со стапка од 32,6, во 2022 година 356 жени со стапка од 38,5 и во 2023 година 346 жени со стапка од 37,5 на 100000 жени. Во анализираниот период се забележува тренд на пораст на бројот на умрени жени од рак на дојка, стои во извештајот.

Ракот на дојка е на прво место во бројот на новорегистрирани случаи од малигни неоплазми кај жени во Македонија во периодот од 2017 до 2021 година.

– Во 2017 биле регистрирани 808 новозаболени жени од рак на дојка со стапка на инциденца 78.03/100000 жени, во 2019 година 778 со стапка на инциденца 75.13/100000 жени, а во 2021 година 806 со стапка на инциденца 87.08/100000 жени. Во анализираниот период бројот на новозаболени жени од рак на дојка осцилира, покажува извештајот на ИЈЗ.

Меѓународниот месец на рак на дојка што секоја година се одбележува во октомври има за цел да го промовира скринингот и превенцијата на болеста што погодува милиони жени ширум светот. Најпознат по својата тема за розова боја, месецот содржи голем број кампањи и програми насочени кон поддршка на луѓето со дијагностициран рак на дојка, вклучувајќи метастатски карцином на дојка, едукација на луѓето за факторите на ризик за рак на дојка, нагласување на важноста од редовен скрининг, започнување на 40 години или одговара на личниот ризик од рак на дојка. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука