News from Ohrid, Vesti od Ohrid, Ohrid news. Вести од Охрид, Новости Охрид, Информации од Охрид 24 часа - Брзо, точно, проверено...
октомври 4, 2024

Скопје/Охрид, 4. октомври 2024 (ОХРИДПРЕС) – Доколку се остварат прогнозите и врнежите бидат интензивни, на мали теритотии и за кратко времетраење, можни се локални проблеми и локални излевања на помалите водотеци и суводолици во крајните западни и северо-западни делови од државата, информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Според истиот извор, пред се’, станува збор за оние кои доаѓаат од планинските масиви Шар Планина, Кораб и Дешат, Стогово и Караорман, Бистра и Јабланица.

Од ЦУК нагласуваат дека ако врнежите бидат поројни и сконцентрирани во градските населени места, Скопје, Куманово, Тетово, Гостивар, Дебар, Струга и Охрид, можни се локални урбани проблеми поради недоволен капацитет на атмосферската одведителна мрежа.

– Кај поголемите реки се очекува зголемување на водостојот но нема опасност од излевање на водата од нивните речни корита. Предупредуваме на претпазливо движење покрај помалите реки и суводолиците, пред се во западните и северо-западните делови на земјата во текот на вечерните часови, како и за време на претстојната ноќ. УХМР информира дека под влијание на циклонска активност, почнувајќи од вечерните часови, како и во текот на ноќта, се очекуваат врнежи од дожд на цела територија на земјата. Пообилни се очекува да бидат врнежите во западните и северо-западните делови каде за време на престојната ноќ локално според прогностичките модели се очекува да паднат над 40 литри на метар квадратен дожд, потенцираат од ЦУК. (Крај)

извор: ЦУК фото: ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука