Охрид, 4. октомври 2024 (ОХРИДПРЕС) – Со пригодна свеченост што се одржа во големата сала на Општина Охрид, денеска се одбележаа 1010 години од смртта на Цар Самуил.
Во рамки на настанот беше изведена драмата „Херувимите на Самуиловата круна“ од македонскиот драматург Зоран Пејковски во изведба на детското-драмско студио „Цвет 75“ од Охрид, под менторство на Драгана Боцеска.
Како дел од музичката програма, свој настап имаа учениците од ООУ „Ванчо Николески“, под менторство на Марија Крцоска и Маријана Крстаноска.
Настанот го организираше Општина Охрид, како дел од годишната Програма за одбележување празници и манифестации. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 97