Охрид, 4. октомври 2024 (ОХРИДПРЕС) – ЈП „Билјанини извори“, во соработка со Општина Охрид, организира хуманитарен фудбалски турнир по повод 7-ми Ноември – Денот на ослободувањето на Охрид, кој се организира втора година по ред.
– Од аконтација за учество се собраа средства во износ од 144.000 денари. Заедно со организаторите одлучивме овие средства да ги распределиме онаму каде што во моментов има најголема потреба. 80.000 денари се донираат кај нашата сограѓанка Бојана Бонеска на која и е дијагностицирана болест за чие лекување е потребен повисок износ. Тука упатувам апел до сите кои имаат можност да помогнат тоа да го сторат преку трансакциските сметки кои се јавно достапни, 30.000 денари донираме на Здружението „Ретко е да си редок“ и 30.000 денари донираме на Здружението на деца со дијабет, информира градоначалникот на Охрид, д-р Кирил Пецаков.
Од Здружението „Ретко е да си редок“ информираат дека се откажуваат од средствата и упатуваат апел истите да се пренаменат за лекување на нашата сограѓанка Бојана Бонеска. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива