Охрид, 5. октомври 2024 (ОХРИДПРЕС) – Одговорните служби од Јаните претпријатија секојдневно, во раните утрински часови го чистат и подигнуваат окрекот, но и друг вид отпад од водите на Охридското Езеро.
Најчесто се чисти потегот пред хотелот „Палас“ и Островчето, каде поради нискиот водостој периодов, езерото е повлечено и има повеќе плитки и делови без вода.
За поголема ефикасност се користи и трактор, со кој собраната содржина се транспортира. (Крај)
извор: ОхридПрес фото/видео: ОхридПрес
Прочитано: 99