Охрид, 5. октомври 2024 (ОХРИДПРЕС) – На 4-ти октомври 2024 година, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога при СВР Охрид, од слобода лишија 39-годишно лице од Охрид.
– При претрес во викенд куќа во охридското село Љубаништа, која тој ја користел, пронајдени се марихуана и засадени растенија. По целосно документирање на настанот, СВР Охрид ќе поднесе соодветна пријава, информираат од СВР Охрид. (Крај)
извор: СВР Охрид фото: архива
Прочитано: 235