Охрид, 8. октомври 2024 (ОХРИДПРЕС) – Новиот сингл на глобалната суперѕвезда Gwen Stefani, „Somebody Else’s“ е оптимистичка рок песна во контраст со, како што велат критичарите, нервозни текстови.
Го најавува нејзиниот петти студиски албум „Bouquet“, кој треба да излезе на 15-ти ноември, во кој Gwen го комбинира својот препознатлив вокал со елементи на рок и њу вејв од 70-тите години.
– Ова е музиката која ја слушав како дете во автомобилот на пат кон црквата. Сакав да го искомбинирам тоа со музиката што ја слушам сега и успеав албумот да го одрази сето тоа, вели Gwen.
Синглот „Somebody Else’s“, како и целиот албум, беше снимен со бендот, во студиото „Smokestack“, а наградуваниот продуцент Scott Hendricks и’ помогна да ја оживее својата визија.
Апсолутно најдобриот музички избор го имате секојдневно, 24 часа на Број 1 медиумот во регионот, охридското Супер радио. Уживајте во музичкиот избор на еден од нашите дигитални канали – Happy radio: Cafe, Greatest Hits, Top 40 Hits, Македонски хитови, Ex Yu, Dance, Hip Hop, Balkan Mix, Lounge, Мак Класик, Love Songs и Smooth Jazz. Ако музиката е одговорот, прашањето е: Што ќе слушаме денес? Се’ што сакам да слушам на едно место – Клик PLAY и УЖИВАЈ! (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива