Охрид, 9. октомври 2024 (ОХРИДПРЕС) – Новото издание на Joe Jonas, „Music For People Who Believe in DNCE“ е снимено во соработка со неговиот поранешен бенд DNCE, во чест на нивните најголеми хитови и вклучува нова песна, DNCE ремикс на последниот сингл на пејачот „Work It Out“.
Синглот беше издаден летово како загревање за неговиот претстоен соло албум „Music For People Who Believe In Love“ кој излегува на 25-ти октомври.
Joe беше дел од неколку музички колективи, вклучувајќи ги DNCE и Jonas Brothers, но поминаа 13 години од неговиот последен соло проект, „Fast Life“ од 2011 година.
– Почестен сум и благодарен за соработката со моите омилени музичари и уметници. Се надевам дека ќе најдете исто толку среќа и мир слушајќи ги овие песни како и јас, порача Joe Jonas за новиот материјал.
Апсолутно најдобриот музички избор го имате секојдневно, 24 часа на Број 1 медиумот во регионот, охридското Супер радио. Уживајте во музичкиот избор на еден од нашите дигитални канали – Happy radio: Cafe, Greatest Hits, Top 40 Hits, Македонски хитови, Ex Yu, Dance, Hip Hop, Balkan Mix, Lounge, Мак Класик, Love Songs и Smooth Jazz. Ако музиката е одговорот, прашањето е: Што ќе слушаме денес? Се’ што сакам да слушам на едно место – Клик PLAY и УЖИВАЈ! (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива