октомври 10, 2024

Охрид, 10. октомври 2024 (ОХРИДПРЕС) – SoundCloud раперката и уметничка, Molly Santana, го продолжува својот подем до ѕвездите со новото EP, „Masonic Musik“, кое е спој назвукот на носталгичниот рап и R&B од 90-тите со современиот звук.

Molly веќе изгради репутација во андерграунд рап сцената со огромниот број следбеници на TikTok и SoundCloud, а нејзините претходни синглови „Wreck It“, „Red Dot“ и „Ozone“ имаат повеќе од милион стримови на Spotify.

Станува збор за 19-годишна млада уметница од Лос Анџелес која без напор ги спојува световите на поп и рап во возбудлив и свеж звук.

Студирала мода во Токио, по што се сели во Атланта каде станува пионер на underground сцената, а потоа во април 2024 година, го издава својот прв албум „Molly Santana“. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука