News from Ohrid, Vesti od Ohrid, Ohrid news. Вести од Охрид, Новости Охрид, Информации од Охрид 24 часа - Брзо, точно, проверено...
октомври 6, 2024

Охрид, 6. октомври 2024 (ОХРИДПРЕС) – Владата ќе обезбеди фонд од 10 милиони евра за развој на бизнис за млади од 18 до 29 години со новиот буџет, во зависност од бизнисот и планот, комисија под строги критериуми во која ќе членуваат претставници на неколку институции, ќе издвојува средства и ќе ја одредува висината на помошта, која ќе биде потоа под строг надзор, дали вистински се трошат средствата за таа намена. Вредноста ќе биде од 1.000 евра до 30 илјади евра за проект, соопшти денеска во Охрид претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во обраќање на 33 Годишната конференција на УМС на на ВМРО-ДПМНЕ.

– Веруваме во вас и во вашиот потенцијал, сакаме да останете тука, сакаме да ни помогнете да ја развиваме државата, рече Мицкоски, според кого политичарите се тука да направат се’ што треба за младите да останат во државата за да ја продолжат приказната за Република Македонија, и да го продолжат животот на Македонија.

– Затоа што јас знам дека таа не се само дрвата, планините, езерата, реките, културните знаменитости, таа се нејзините луѓе. И без луѓе џабе е се. Затоа тука сме и ова е само почеток да знаете. Нема време за изговори и за плукање на минатото, сега е нашата шанса и надеж, и мора сите заедно да ја искористиме и да направиме нешто добро за државата, за да не помнат идните генеррации, тие по нас, и да кажат, имаше една генерација таму, пројде низ многу перипетии, сакаа да ги обезличат, неодговорни политичари пљачкаа, пројдоа конлфикти, поделби, сиромаштија, иселувања, се гушеа во загаден воздух… но ја држеа Македонија во живот, живееја со Македонија и затоа ние денес тука сме свои на своето и веруваме во развиена земја, тоа е нашиот сон, кажа Мицкоски.

Тој обзнани дека Владата ќе поддржи во наредните месец дена, преку јасни критериуми и јасен систем, ваучери во вредност од 250 евра за електронски уреди, за сите, повторувам за сите студенти во државава. Напомена дека на овој начин се создаваат услови за младите да можат да делуваат, да учат, создаваат, и да стекнуваат вештини кои подоцна ќе бидат применети за иднината и за Македонија.

– Младите се сила, иднина и нашата надеж, но сето тоа е бесполезно ако ние не им создадеме услови. со оваа мерка сите студенти ќе имаат пристап до електронски уреди со што ќе можат да го следат светот на дланка и да се градат како личности што не било случај во минатото за најголемиот дел од младите, истакна Мицкоски. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука