News from Ohrid, Vesti od Ohrid, Ohrid news. Вести од Охрид, Новости Охрид, Информации од Охрид 24 часа - Брзо, точно, проверено...
октомври 6, 2024

Струга, 6. октомври 2024 (ОХРИДПРЕС) – Стружанецот Илирјан Асани, втора година по ред е апсолутен шампион во категоријата Men`s Physique Senior на Државното првенство во бодибилдинг и фитнес, кое во организација на Бодибилдинг и фитнес федерацијата на Република Македонија, се одржа вчера во Скопје.

– И повторно. Нов шампион за 2024 година во категоријата Men`s Physique Senior. Следниот натпревар е на 13-ти октомври, напиша Илирјан на неговиот профил на Facebook.

Тој уште еднаш потврди дека е апсолутно доминантен во својата категорија и ќе ја претставува Република Македонија на Европското првенство, кое од 10-ти до 13-ти октомври ќе се одржи во Мадрид, Шпанија. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: Илирјан Асани

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука