Охрид, 7. октомври 2024 (ОХРИДПРЕС) – Како толку пати претходно, Охриѓани ја докажуваат хуманоста и со бројни акции и иницијативи собираат средства за помош на сограѓанката Бојана, на која пред девет месеци и’ е дијагностициран Small Bowel Neuroendocrine Carcinoma.
– Хумани луѓе, фирми, здруженија, организации… Ако сте во можност, донирајте за лечење на нашата Бојана. За нејзино лечење се потребни 90 илјади евра, стои во апелот.
Се вклучи и охридскиот Црвен крст, од каде иницираат хуманитарна акција за собирање на финансиски средства. На повеќе локации во градот (маркети, кафулиња, хотели) веќе се поставени собирни кутии со знакот на Црвен крст, во кои секој ќе може да донира финансиски средства според своите можности.
Сите кои се во можност можат да донираат и преку GoFundMe.
Сметки за донација:
денарска сметка: 200003057020079 MKD
IBAN: МК07200004151704073 AUD
IBAN: МК07200004151699514 EUR
IBAN: МК07200004151698059 SCF
IBAN: МК07200004157877153 USD
Стопанска банка АД Скопје, шифра 562, корисничко име Бојана Танеска Бонеска, цел на дознака: донација за лекување во странство. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива