News from Ohrid, Vesti od Ohrid, Ohrid news. Вести од Охрид, Новости Охрид, Информации од Охрид 24 часа - Брзо, точно, проверено...
октомври 7, 2024

Охрид, 7. октомври 2024 (ОХРИДПРЕС) – Од 1-ви до 4-ти октомври 2024 година се одржа акција за вадење на заостанати рибарски мрежи (познати како „мрежи духови“) од четири клучни локации на дното на Охридското Езеро.

Од дното на езерото се отстранети вкупно 3.856 метри мрежи, а истите беа презентирани во Хидробиолошкиот завод во Охрид. Во акцијата учествуваа 4 нуркачи, во 98 изведени нуркања со вкупно време на нуркање од 73:38 часа.

Акцијата е организирана од Скопско, во соработка со нуркачкиот клуб „Амфора“ од Охрид.

Мрежите духови се напуштени, изгубени или оставени рибарски мрежи кои продолжуваат да ловат риби, птици и други организми, овие мрежи претставуваат значителна закана за кревките екосистеми на Охридското Езеро. Редовните акции за чистење се клучни за спречување на акумулацијата на мрежи духови. Ако овие мрежи не се отстрануваат редовно, последиците можат да бидат сериозни намалувајќи ги рибните популации и предизвикувајќи долгорочна штета на биодиверзитетот и локалната економија. (Крај)

извор: konekt.mk фото: konekt.mk

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука