Охрид, 7. октомври 2024 (ОХРИДПРЕС) – Во вторник, на 15-ти октомври 2024 година, во Охрид ќе се одржи една од инфосесиите на Министерството за култура и туризам за олеснување на процесот на аплицирање на Годишните конкурси за поддршка за проекти од национален интерес во културата за 2025 година.
Инфосесијата која ќе се одржи во Центарот за култура „Григор Прличев“, со почеток во 11:00 часот ќе ја спроведе тим од Министерството за култура и туризам. Наменета е за сите корисници на буџетските средства на овие конкурси, со цел да се одговори на сите отворени прашања во врска со пријавувањето. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес
Прочитано: 112