Охрид, 8. октомври 2024 (ОХРИДПРЕС) – Пет боксери од клубот „Алексо Огненовски“ од Охрид ќе земат учество на Опен Балкан куп, што на 12-ти октомври 2024 година ќе се одржи во Лозница, Србија.
Боите на градот и клубот „Алексо Огненовски“ ќе ги бранат Наум Стојаноски, Христијан Стојаноски, Михаил Аврамоски, Петар Трајчески и Лука Грозданоски.
Младиот боксер од Охрид Наум Стојаноски ќе настапи и на Светското младинско првенство што од 20-ти октомври до 4-ти ноември ќе се одржи во Будва. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 203