Охрид, 9. октомври 2024 (ОХРИДПРЕС) – Во недела во event venue „Деспина“ во Охрид ќе се одржи хуманитарен концерт „Сите за Бојана“, за помош на нашата Бојана Бонеска.
– На настанот кој ќе започне во 13:00 часот ќе настапат: Камелеон, Ѓоко Танески, Urban Planet, Luger, No Fun, Backdoor Band, Балканикос, група Сарај, Dj Marama & Vlado Broz, како и ФА Отекс. Влезот чини 200 денари, а сите собрани средства ќе бидат донирани за лекување на Бојана, информираат организаторите.
Како толку пати претходно, охриѓани ја докажуваат хуманоста и со бројни акции и иницијативи собираат средства за помош на сограѓанката Бојана, на која пред девет месеци и’ е дијагностициран Small Bowel Neuroendocrine Carcinoma.
Охридската компанија „Жито Леб“ одлучи целиот промет од сите нивни пекари остварен во текот на денешниот ден, 9-ти октомври, ќе го донира за помош во лекувањето на Бојана.
Донација може да се направи и преку телефонските броеви: А1 143-450 и Телеком 143-122 (100 денари од повик), како и на сметките за донација:
денарска сметка: 200003057020079 MKD
IBAN: МК07200004151704073 AUD
IBAN: МК07200004151699514 EUR
IBAN: МК07200004151698059 SCF
IBAN: МК07200004157877153 USD
Стопанска банка АД Скопје, шифра 562, корисничко име Бојана Танеска Бонеска, цел на дознака: донација за лекување во странство.
Сите кои се во можност можат да донираат и преку GoFundMe. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива