Билтен на МВР: Претрес во Охрид, пронајдена дрога, приведен дилер
октомври 9, 2024

Охрид, 9. октомври 2024 (ОХРИДПРЕС) – На 8-ми октомври 2024 година во Охрид, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога при СВР Охрид лишиле од слобода 44-годишно лице од Охрид.

– При претрес во апартманот во Охрид, кој привремено го користел, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана и бела прашкаста материја. Тој бил приведен во Полициска станица и по целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од МВР. (Крај)

извор: МВР фото: ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука