Најголемите готвачки брендови на пикник во „Св. Наум“ ќе подготвуваат рибја чорба
октомври 10, 2024

Охрид, 10. октомври 2024 (ОХРИДПРЕС) – Одбележување на празникот 11. Октомври со масовен пикник и подготовка на рибја чорба, како заокружување на осмото издание на „Гастромак“ и гастрономско-едукативниот настан организиран од Факултетот за туризам и угостителство Охрид.

– Утре во 11:00 часот во „Св. Наум“, сите ќе готвиме, ќе се слушне изворниот македонски фолклор и ќе се вкуси традиционалната храна на овој крај. Предвиден е масовен излет и најважно – сите се добредојдени, порачуваат од „Гастромак“.

Најинтересниот момент е подготовка на рибја чорба од страна на најголемите готвачки брендови: Стево Карапанџа, Изток Легат, Драгица Лукин, Дон Давид, Жељко Бремец, професорот од ФТУ Охрид Климент Наумов, сите пријатели на „Гастромак“, а тука е и Адријана Алачки, првиот човек на оваа национална асоцијација на готвачи.

Инаку во рамки на гастрономско-едукативниот настан на ФТУ Охрид денес се одржуваат мастер класови во кујната на факултетот од областа на слаткарството и подготовката на јагнешко месо на традиционален начин, предводени од шеф Драгица Лукин и шеф Жељко Невен Бремец. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес/архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука