ДЗС: Во првото тримесечје од 2024 година, 90,8 % од македонските домаќинства имале пристап до интернет од дома
октомври 11, 2024

Скопје/Охрид, 2024 (ОХРИДПРЕС) – Според податоците на Државниот завод за статистика (ДЗС), во текот на првото тримесечје од 2024 година, 90,8 % од домаќинствата во Република Македонија имале пристап до интернет од дома.

Според истиот извор, во првото тримесечје од 2024 година, од вкупното население на возраст од 15 до 74 години, интернет користеле 91,2 %, а 76,4 % го користеле неколкупати во текот на денот.

63,5 % од лицата нарачале/купиле стоки или услуги преку интернет во последните 12 месеци. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука