Охрид, 10. октомври 2024 (ОХРИДПРЕС) – Песната „Галеб охридски“ на популарните Владо Броз и Марама, како што најавија на промоцијата, доби видео запис.
Истата е дело на К2 продукција и Јовица Каралиевски, познатиот охридски продуцент, композитор и текстописец, а за видеото, кое е една весела приказна, својствена на стилот на музичарите, се погрижија Кристијан од „Шпанец“ продукцијата и Емил Јовановиќ од „Love & Life Studio“.
Владо Броз и Марама периодов наназад важат за една од најпознатите и најпопуларните музички атракции во Охрид, но и многу пошироко. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 349