Охрид, 10. октомври 2024 (ОХРИДПРЕС) – Во населбата „Видобишта“, вечерва беше свечено отворено новото повеќенаменско игралиште „Трајан Целески – Тачо“.
– Вечерва свечено го отворивме ова повеќенаменско игралиште кое го носи името на прерано починатиот наш сограѓанец Трајан – Тачо. Сакам во оваа прилика уште еднаш да се заблагодарам до семејството Целески кои прифатија ова игралиште да биде именувано според нивиот син/брат, и што вечерва беа дел од отворањето, истакна на отворањето градоначалникот на Охрид, д-р Кирил Пецаков.
Додаде дека посакува позитивната енергија и спортскиот дух кои ги имаше нашиот Тачо да бидат присутни и тука и повторно од тука да се изродат спортски надежи. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 226