Охрид, 11. октомври 2024 (ОХРИДПРЕС) – Во Охрид денес променливо облачно време со сончеви периоди и услови за повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен ветер од југозападен правец.
Максималната температура ќе се искачи до 22. степени.
– Денес времето ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Попладне во северните и источните делови врнежите ќе бидат поројни проследени со ретки грмежи. Потоа следува период на стабилно и релативно топло време за овој период од годината, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи на Република Македонија (УХМР). (Крај)
извор: УХМР фото: ОхридПрес
Прочитано: 146