Охрид, 11. октомври 2024 (ОХРИДПРЕС) – На 10-ти октомври 2024 година, во 06:55 часот, во водите на Охридското Езеро, наспроти туристичката населба „Свети Стефан“, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Охридско Езеро лишиле од слобода 63-годишно лице од Република Албанија поради сомнение за сторено кривично дело „незаконит риболов“ и прекршок „илегално преминување на државна граница“.
– Со него бил извршен службен разговор, по што бил предаден во Основен суд Охрид за понатамошна постапка, а уловот бил предаден во Казнено-поправната установа Затвор, Охрид. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од МВР. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес
Прочитано: 148